fbpx

Иванов да престане да дава простор за насилство, веднаш да го даде мандатот на претседателот Заев за нова Влада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ѓорге Иванов да престане да го крши Уставот и да остава простор за лаги од пропагандата и за насилство!

Иванов е должен веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата Влада на Р.Македонија.

Мнозинството граѓани во Македонија гласаа за квалитетен живот, за нови работни места, за парите да се вратат кон луѓето, за квалитетно образование и квалитетно здравство, за правда за сите. Ова се очекувањата на граѓаните и ова се приоритетите на новата реформска Влада што е неопходно што побрзо да се формира, за земјата да продолжи да се развива според стратешките интереси кон ЕУ и НАТО.

Граѓаните го избраа концептот на заедништво наспроти концептот на поделби на досегашната неодговорна власт на Никола Груевски.

Затоа, Македонија, како што се обврзавме и во Планот за живот, ќе биде едно општество, на еднакви граѓани, во кое што ниту една заедница нема да биде ниту маргинализирана, ниту привилегирана.

Единствен можен следен чекор е одблокирање на демократските процеси и мирен трансфен на власта.

Само нова одговорна реформска Влада може да одговори на потребите на граѓаните и на државата и да обезбеди стабилност и просперитет.

 

Скопје, 08.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести