Во интервју за емисијата „200“ на Алсат-М телевизија, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, го објасни текот на разговорите со партии коишто имаат освоено пратеници во Собранието, во фазата на собирање потписи за добивање на мандатот за состав на новата Влада.
„Македонија не смее и не треба да има комплекс за прашања кадешто Уставот и дава шанса, повеќе граѓани да бидат задоволни, државата подобро да функционира, а притоа таа да биде и пообединета и постабилна.
25 години зад нас се. Можеби ова е млада држава, ама 25 години се доволно долг период за да сфатиме дека некои работи во Македонија мора да се менуваат. И за да Македонија се промени, мора и политиката да се менува. За да се променат политичарите, не треба да чекаме промената да дојде под притисок, туку, јас би сакала, таа промена треба да биде природна.
Ќе бараме решенија коишто им вршат работа, им помагаат на граѓаните, а коишто не бараат и не значат промена на Устав“, рече меѓудругото во интервјуто, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Скопје 01.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА