Соопштение за јавност
Граѓаните на Македонија застанаа цврсто на бедемот на одбраната на државните и националните интереси кога го избраа концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби.
Над 612.000 граѓани го дефакторизираа криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ коешто за свои интереси сака изолација на Македонија.
Лагите на Никола Груевски се прочитани. Нема федерализации, кантонизации, редефинирања. Има само очајни обиди за спас од одговорност на власта во заминување.
Граѓаните не дозволуваат никој повеќе да се коцка со нивните животи. Тие избраа современа, стабилна и безбедна, праведна и правична, единствена Република Македонија, во којашто ќе живеат еднакви граѓани пред Уставот и законите.
Скопје 23.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА