Соопштение за јавност
Граѓанска и демократска Македонија оди напред, со зрели политичари кои ќе водат реални и одговорни политики. Тоа е веќе незапирлив демократски процес.
Граѓаните на Македонија на предвремените избори избраа промени, правда и живот. Сакаат да живеат добро, а не во огромна сиромаштија, сакаат да живеат заедно, а не поделени, сакаат интеграција на Македонија, а не изолација.
Над 612.000 граѓани рекоа не на политиките на кражба, омраза и оддалечување на Македонија од демократскиот свет, што ги води Никола Груевски и криминалната власт во заминување.
Затоа, безуспешни се сите обиди на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ да ги користат медиумите што ги направија зависни од нив, за измислици и лажни вести, што граѓаните веќе ги препознаваат.
Со речникот на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, капитулираат само Никола Груевски и криминалот пред одлуката на луѓето независно од која било различност кои одлучија да живеат во едно, современо општество, на еднакви луѓе пред Уставот и законите.
Скопје, 19.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА