fbpx

Оперативниот план е само параван за нов бран на партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност, реакција на изјавите на Марија Митева

Оперативниот план е само параван за нов бран на партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ

Оперативниот план за вработување што го презентираше Владата на ВМРО-ДПМНЕ е само параван, обланда за нов бран партиски вработувања и ништо повеќе.

Наместо стратегија за отворање нови работни места и поддршка за младите, на долгорочно невработените, власта спроведува нова серија партиски вработувања по список.

ВМРО-ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од власта.

Семејството Андоновски е само еден во морето примери за непотизам и за семејно-партиски стебла вдомени на грбот на народот.

Таткако на Андоновски, Љупчо е советник, неговиот брат Игор е началник, додека Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски.

Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период.

Па се до последниот пример каде кумашините на Мицкоски се вдомени во Министерството за земјоделство и Агенцијата за поддршка на земјоделието.

Државните институции на ангро се полнат со роднини на функционерите на ВМРО ДПМНЕ.

Единствен критериум за некој да добие вработување е фамилијарните и партиските врски, ништо друго. И затоа младите и способни луѓе ја напуштат земјата.

Младите не веруваат на ПР обланди и затоа се иселуваат, а граѓаните препознаваат дека зад секој наводен конкурс се крие веќе определено име со партиска книшка од ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести