fbpx

Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата и ќе си ја вратиме државата назад!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата и ќе си ја вратиме државата назад!

Ќе си ја вратиме државата назад на вистинскиот пат, истакна денеска од Крива Паланка претседателот на СДСМ, Венко Филипче за време на карванот „Мугри на слободата“.

– Крива Паланка е една од општините која претрпе најголема трансформација во последните години, а тоа е резултат на работата на градоначалникот Сашко Митовски и денес му ја честитам кандидатурата за уште еден мандат, а јас сум сигурен и победата, нагласи Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека Социјалдемократскиот сојуз е партијата која ги постави темелите на современата македонска држава врз идеите од Илинден и АСНОМ.

– СДСМ произлегува од заедничката борба на Илинденците, АСНОМ-ците за слободна и независна држава, ние сме партија која ги постави темелите на еднаквост, достоинствен живот, а не преживување. Денес гледаме како владата на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити направија пустош, цените растат, а стандардот опаѓа. Граѓаните го чувствуаат тоа. Тоа е грабеж на граѓаните, наместо развој гледаме корупција, наместо инвестиции гледаме тендери за нивните луѓе. Македонија е заробена во тендери, партизација, а народот не бара чуда, бара само можност за достоинствен живот дома, а не билет за странство, нагласи Филипче.

Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, додаде претседателот.

– ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски пасоши, тоа е квазипатриотизам и лицемерие.

Единствена гаранција за Македонија е АСНОМ-ската идеја за заедништво и праведност. Македонија не смее да биде изолирана , мораме да останеме дел од светот кој се движи напред, дел од НАТО и да станеме дел од ЕУ. Ние таму припаѓаме, меѓу развиените земји.

СДСМ е единствениот гарант за европската иднина, ние не се плашиме од реформи, од европски обвинители, а тие кои денес владеат и тоа како имаат. Затоа ќе прават се, ќе се кријат зад лажен патриотизам за да избегнат одговорност.

СДСМ избира борба, избира правда, избира иднина, порача претседателот Филипче.

Последни вести