fbpx

Загадувањето мора итно да се решава, оваа власт мора веднаш да си оди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новата одговорна влада предводена од СДСМ сериозно ќе се зафати со решавање на проблемот со екстремното загадување, кое е опасност за сите граѓани во Република Македонија.

Последните податоци според кои Скопје Тетово и Битола се во 10-те најзагадени градови во Европа, уште еднаш ја докажа несериозноста на Владата во заминување за решавање на проблемот со загадувањето. Власта во заминување која ги опустоши зеленилата во урбаните средини и на нивно место градеше згради заради остварување лични профити ја наруши циркулацијата на воздухот и ја направи Македонија опасна место за живеење.

Последната мерка за бесплатен автобуски превоз која беше повлечена после само 48 часа, покажа за какви несериозни политичари станува збор. На Скопје и на Македонија и се потребни сериозни решенија за решавање на проблемот со загадувањето.

СДСМ во Планот за живот се обврза на спроведување долгорочни мерки кои ќе го намалат енормното загадување. Меѓу најприоритетните мерки ќе биде гасификацијата на Скопје, и други градови, субвенционирање на обновливи извори на енергија и греење за граѓаните, субвенции за поставување филтри кај големите загадувачи и и зголемување на зелените површини во градовите.

Токму затоа итно е потребна нова одговорна Влада која ќе работи во служба на граѓаните и нивното здравје.

 

Скопје, 14.02.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести