fbpx

Патишта ќе изгради новата Влада, заврши времето на провизии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија ќе добие модерни, безбедни и ефикасни автопатишта како што и доликува на една Европска земја. Новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија сериозно ќе се зафати со унапредување на патната инфрастуктура.

Во првите две години од мандатот, новата влада предводена од СДСМ ќе инвестира 600 милиони вера за изградба на патишта. Развојот на патната инфраструктура е еден од врвните приоритети во Планот за живот во Македонија и е една од причините зошто големото мнозинство граѓани избра промени.

Владо Мисајловски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека лажните вести одамна не им минуваат. Доколку навистина се грижеа за граѓаните тие имаат десет години на располагање за да изградат модерни автопатишта. Но наместо со реални инвестиции, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се занимаваа единствено со провизии и профитабилни тендери.

Граѓаните десет години сведочеа на коруптивно и криминално владеење од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа и решија да не бидат заложници на криминални влади и тендер интереси.

Граѓаните одбраа промени кои ќе донесат нови одговорни политичари кои ќе водат реални политики во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 14.02.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести