Соопштение за јавност
Порпалот Непрес и медиумите што ја пренесуваат лажната вест околу финансискиот извештај на СДСМ за изборите, не можат да го спасат криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, само се вовлекуваат себеси во фалсификати и кривични дела.
Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и сите негови соработници ќе одговараат за криминалните и злоупотребите на пари на граѓаните за лични и партиски цели.
Граѓаните на изборите избраа промени и правда и Македонија ќе биде праведно и правично општество.
Заврши времето кога Груевски и тевтерчето на Јанкулоска одлучуваа за правдата во Македонија.
Во врска со изнесените измислици за СДСМ, уште еднаш посочуваме дека е лажна вест дека СДСМ има поднесено вкупен финансиски извештај за изборната кампања, како што тврдат порталот Непрес и медиумите што ја пренесуваат лажната вест.
Сите тие се повикуваат на овој објавен фалсификат на Нетпрес, во прилог, што може да се види со голо око, а којшто претставува кривично дело.
СДСМ и коалицијата досега имаат поднесено два финансиски извештаја и имаат потрошено онолку средства колку што е наведено во извештаите на денот на нивното поднесување, согласно законските прописи и Изборниот законик.
Тоа се гледа и од официјалниот линк до официјалната Веб страница на Државната изборна комисија:
Како што може да се види СДСМ не е меѓу партиите коишто имаат поднесено вкупен финансиски извештај.
Вкупниот финансиски извештај СДСМ и коалицијата ќе го достават по затворањето на трансакциската сметка, како што е предвидено во Изборниот законик.
Согласно член 71 став 6 од Изборниот законик, трансакциската сметка се затвора во рок од 3 месеци од денот на објавување на конечните резултати, што значи до месец март, 2017 година. По затворањето на сметката, СДСМ ќе го поднесе вкупниот извештај, за кој согласно Изборниот законик има рок од 30 дена.
СДСМ ги почитува законите, а финасиските извештаи на партијата редовно се анализирани од Државниот завод за ревизија.
Оттука, во паника се само криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и соработниците.
Бараме порталот Нетпрес и медиумите коишто ја пренесуваат и денешната нова лажна вест,да се извинат во законскиот рок од 3 дена. Во спротивно ќе поднесеме тужба и за денешната лажна вест.
Скопје, 11.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА