Соопштение за јавност
Со пресудата на Судот во Стразбур се потврди дека на 24 декември 2012 владата предводена од Груевски изврши грубо прекршување на законите и Уставот на Република Македонија. Пресудата која е донесена едногласно е уште еден меѓународен пораз за Република Макеоднија, но и за Уставниот суд на Р.М. кој го одби барањето на новинарите за заштита на слободите и правата на новинарите.
Ваквиот епилог во Европскиот суд за човекови права е доказ дека правдата е бавна, но сепак достижна. 24 декември ќе остане запишан како најцрниот датум во македонската современа историја како ден кога се погазија сите човекови права и слободи, само затоа што така посака Никола Груевски.
За никогаш повеќе да не се повторат грозоморните слики од црниот понеделник, на Македонија итно и е потребна нова влада одговорна на граѓаните. Доаѓа време на правда и одговорност. Секој кој го прекшил законот ќе мора да одговара без разлика дали бил нарачател или извршител на кривично дело. Македонија ќе тргне по патот на правдата, бидејќи тоа е единствениот вистински пат.
Скопје, 09.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА