fbpx

Средба на Заев со амбасадори: Што побрзо да се формира парламентарното мнозинство, потребна е стабилна реформска Влада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретна со амбасадорите на Р.Германија, Кристине Д. Алтхаузер, на Кралството Шведска, Матс Стафансон и на Р.Полска,Јацек Мултановски во Р.Македонија.

Констатирано е дека интерес на граѓаните и на Република Македонија е да добие стабилна Влада којашто ќе се насочи веднаш кон потребните реформи и кон евро-атлантските процеси.

-Македонија мора да оди напред. Јасна е од изборите мнозинската волја на граѓаните за промени. Затоа побаравме од Ѓорге Иванов, граѓаните и Македонија да не губат повеќе време, да постапи според Уставот и да ми го додели мандатот за формирање нова Влада. Ние очекуваме дека ќе го формираме новото парламентарно мнозинство, со што ќе обезбедиме стабилна реформска Влада, како што одлучија граѓаните, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев ги информираше амбасадорите за разговорите со албанските партии како и за основата на Платформата на СДСМ согласно Договорот од Пржино и забелешките нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија.

-Граѓаните гласаа за квалитетен живот и за перспективна Македонија. Клучот за тоа е што побрзо да се формира новото парламентарно мнозинство. Секоја друга опција значи непотребно враќање на процесите назад, што ќе одземе време, а ништо нема да смени бидејки граѓаните се одлучни и демократските промени се незапирливи, рече претседателот Заев на средбата со амбасадорите Алтхаузер, Стафансон и Мултановски.

 

 

 

 

Последни вести