Соопштение за јавност
Никола Груевски е фатен во нелегално прислушување на граѓаните на Македонија, заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков.
Груевски ги лажел граѓаните, измислил тактички опреми, клонирани станици, странски служби во обидот да се спаси себеси и братучедот.
Граѓаните знаат дека Груевски и соработиците тоа го правеле за криминални интереси на нивна штета и сега очекуваат правда. Затоа граѓаните гласаа за правда, за продолжување на мандатот на СЈО, за живот, за промени, за реформи, `се од што бега обвинетиот поранешен премиер кој е соочен со одговорноста за злоделата што ги правел.
Над 612.000 во Македонија порачаа дека демократските процеси во Македонија се незапирливи.
Скопје, 28.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА