fbpx

Да престане кражбата на граѓаните и веднаш да добијат достапен и исплатлив градски превоз!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Да престане кражбата на граѓаните и веднаш да добијат достапен и исплатлив градски превоз!

Укажуваме веднаш да престане кражбата и малтретирањето на граѓаните преку јавниот градски превоз во Скопје! Град Скопје и ЈСП Скопје веднаш да го средат проблемот што им го создадоа на скопјани со градскиот превоз!

Додека Никола Груевски се вози со мерцедес од 600.000 евра, а неговите соработници дивеат во службени лимузини и дење и ноќе, загрозено е правото на граѓаните на редовен и достапен јавен градски превоз.

Криминалната локална власт во Скопје, продолжена рака на криминалната централна власт, свесно ги стави граѓаните во зголемени и непотребни трошоци со електронските картички, очигледно за сомнителни бизнис интереси преку фантомската фирма, за што порачуваме дека ќе има одговорност!

-Граѓаните не се навреме информирани за своите права и обврски околу употребата на електронските картички.
-Не знаат која картичка е најисплатлива за нивните потреби.
-Во билетарниците и автобусите, поради гужвите, вработените немаат можност да ги сослушаат граѓаните и тие се принидени да платат најмалку 150 денари за картичка без да знаат дали им е потребна и кои им се другите поисплатливи опции.
-Воведените апсурдни рокови до кога треба да се потроши сумата на картичката, што е право на граѓаните кои ја платиле, дополнително ги збунува граѓаните. Им истекуваат платени картички, а треба да плаќаат за нови надополнувања!
-Нервозни не се само оштетените граѓани, туку и возачите на автобусите кои не знаат дали попрво да возат, или да се објаснуваат со патниците, или да издаваат фискални сметки.
-Нервозни се и вработените во билетарниците кои наидуваат на гнев од немоќните граѓани да си обезбедат превоз, затоа што мораат да пешачат и да бараат пунктови за продажба на електронски картички. А и кога ќе најдат, често наидуваат на одговор дека картички нема.
-Дополнителен хаос и трошок се возењата со ноќните линии на градскиот превоз, бидејќи за нив не важеле месечните картички, па граѓаните требало да вадат дополнителна картичка за ноќни линии.
-Има и укинати автобуски линии, или распределени меѓу ЈСП и приватните превозници што отиде исто така на штета на граѓаните. Ако претхдно автобус имало на 5 -6 минути, сега граѓаните неинформирани чекаат на студот и по 15 – 20 минути.

Поради неодговрните и несовесни политики граѓаните рекоа НЕ на Коце Трајановски и на Никола Груевски на изборите и избраа промени и неопходно е што побрзо промените да бидат преточени во институциите на системот.

Порачуваме дека ќе има одговорност за сите злоупотреби и малтретирања на граѓаните за лични бизнис интереси на фунционерите во заминување.

 

Скопје, 28.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести