fbpx

Прв чекор кон намалување на загадувањето е заминување на неодговорната власт на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ денеска признаа дека досега не направија ништо за енормното загадување кое напротив го зголемуваа со неодговорни политики.

Преку масовното сечење паркови, преку непланските згради за тендери, преку тоа што не им помогнаа на фирмите да постават еколошки филтри, ВМРО-ДПМНЕ го направи Скопје еден од најзагадените градови во Европа.

Новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија уште на првата седница сериозно ќе пристапи кон решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, што 10 години го нарушува нивното здравје. Во Планот за живот во Македонија што го поддржаа над 612.000 граѓани се содржани краткорочни и долгорочни сериозни мерки и проекти, базирани на анализа и искуство коишто значително ќе го подобрат квалитетот на воздхот не само во Скопје, туку и во цела Македонија.

 

Скопје, 26.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести