fbpx

Промените се незапирливи, казни ќе има за криминалите на Груевски и монтираните политички случаи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Времето на промени незапирливо доаѓа, колку и тоа да не му се допаѓа на обвинетиот Никола Груевски. Промените ќе донесатнамалување на извршителските, адвокатските и нотарските трошоци за граѓаните. Ќе донесат и опомена пред каква било казна за фирмите и професионалност на инспекциските служби, што досегашната власт ги користи за притисоци, уцени и реваншизам.

Доаѓа време на заштита на граѓаните и фирмите и на правда и правичност во Македонија. Но и време на одговорност за криминалите на раководството на ВМРО-ДПМНE. И за провизиите од 5% проценти што ги земале на грбот на граѓаните и за украдените над 5 милијарди евра, изнесени по рајските острови.

Попусти се обидите на Груевски да ја оправда својата одговорност за скандалозното прислушување со потсетувања на наводни монтирани политички случаи, каков што се откри дека е и поилитички монтираниот случај Пуч.

Од оваа 2017 почнуваме да го создаваме животот кој го избравме.

 

Скопје, 20.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести