fbpx

Ќе се открие освен Камчев, колку тежи и фамилијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со денешната информацијата во светскиот бизнис магазин Форбс, дека Орце Камчев, еден од најблиските бизнис партнери на Груевски и Мијалков е најбогатиот човек во Македонија, се потврди каде се парите на граѓаните.

Ако Камчев, кој ги добиваше милионските тендери од власта во заминување, според Форбс тежи 238 милиони евра, колку ли тежат Груевски, Мијалков и фамилијата, кои ги одлеваа украдените пари на свои сметки по рајските земји.

Токму Камчев е еден од соработниците со кого фамилијата го правеше тоа преку заедничките оф шор фирми во Лугано и Панама, за што објавуваше СДСМ, како и новинарите истражувачи.

Само една фирма во која акционер е Камчев има добиено 7 тендери во висина од 55 милиони евра во криминалниот проект Скопје 2014.

Допрва ќе излезат на виделина сите криминали на Никола Груевски и Сашо Мијалков со Орце Камчев и други бизнис партнери, преку коишто криминалното раковоство на ВМРО-ДПМНЕ изнесе надвор од Македонија над 5 милијарди украдени пари од граѓаните на Македонија.

Мнозинството граѓани затоа избраа промени, правда и правна држава.
И одговорност за сите криминали ќе има. Парите ќе ги вратат на осиромашени граѓани.

За тоа е итно потребна нова, одговорна Влада на Македонија чиј приоритет се потребите на граѓаните на Македонија.

 

Скопје, 17.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести