Соопштение за јавност
Над 612.000 граѓани на Македонија избраа промени!
Мнозинството граѓани избраа живот, правда, слобода, демократија, еднаквост, единство.
Оттука, на граѓаните и на Македонија им е потребна нова одговорна Влада којашто ќе работи во нивен интерес, којашто ќе води реални политики и којашто ќе се зафати со потребниот реформски процес за да им обезбеди квалитетен живот и евро-атлантска иднина.
Повикуваме Груевски да престане да им отежнува на граѓаните и на Македонија и да се помири со мнозинската волја на граѓаните.
Заврши времето на политичари како Никола Груевски кои ја носат Македонија назад во конфликти, поделби и изолации.
Македонија мора да оди и ќе оди напред.
15.01.2017, Скопје
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА