fbpx

Телеграма од претседателот Заев за загубата на диригент Саша Николовски – Ѓумар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Телеграма од претседателот Заев за загубата на диригент Саша Николовски – Ѓумар

Почитувани,

Претседателот на СДСМ, Зораз Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на познатиот диригент Саша Николовски – Ѓумар.

„Изразувам искрено и длабоко сочувство за загубата на Саша Николовски – Ѓумар, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име.

Вие изгубивте близок член член на семејството и огромна е вашата болка за што било во овие моменти да има утешно значење.

Но загуби и Македонија, еден од најголемите уметници, признаен и во светски, кој со своите индивидуални успеси, бројните награди и признанија, беше достоен претставник на нашата земја во светот.

Саша Николовски – Ѓумар нема да недостига само како син, татко, сопруг, професиналец, туку и како човек, бидејки како што кажуваат и самите негови колеги, големи се неговите лични заложби за достоинствени услови за работа и доброто на заедницата.

Тоа го става Саша Николовски – Ѓумар меѓу луѓето кои ќе се паметат по нивните вредности и дела и на коишто безвременски ќе се навраќа општетствената јавност во Македонија и пошироко.“

Скопје, 15.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести