fbpx

Николова: Хаос со актите во образование, се бара училиштата да работат спротивно на Закон

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Николова: Хаос со актите во образование, се бара училиштата да работат спротивно на Закон

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките на собраниската седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерката за образование Весна Јаневска, во врска со дописот упатен од БРО до училиштата за водење Главна книга, кој е спротивен на Законот за основно образование, што претставува системско непочитување на правниот поредок и создавање хаос на терен.

Во продолжение интегрален текст на прашањето:

„Имено во изминатиот период до училиштата е испратен допис од БРО за пополнување на Главната книга за учениците од 1- 3 одделение.

Уште веднаш сакам да истакнам дека сум поборник за намалување на административната работа која ја имаат наставниците со цел тие да можат да се фокусираат на наставата, што е приоритетна работа.

Но, каде е проблемот со овој допис? Испратениот допис до училиштата од страна на БРО за водење на Главна книга за учениците од 1–3 одделение е без архивски број, нема печат и нема потпис. Освен формалниот пропуст, суштинскиот пропуст е што содржината на дописот не е во согласност со Правилникот за педагошка евиденција и Законот за основно образование.

Главната книга е документ од трајна вредност. Упатства кои не се засновани на нормативни акти не можат да бидат обврзувачки. Ова не е административна грешка, туку пример за системско непочитување на правниот поредок и создавање хаос на терен.

Ова е само уште еден доказ колку несериозно се однесувате кон образованието, каков хаос создавате. Вие, не мислам лично вас, туку на ВМРО-ДПМНЕ, практично промовирате непочитување на Закони. За вас очигледно непотпишан документ е над Законите во државата. Законите од образование ги менувате секој месец. Можевте да направите измена и во Законот за основно образование во член 92. Ама немате добар тим кој може да носи добри мерки и политики во образованието.

Ве прашувам: Според кој акт ќе треба да постапуваат во училиштата, бидејќи и наставниците и директорите го поставуваат ова прашање: Законот, Правилникот или непотпишаниот допис од БРО? Кој ќе ја сноси одговорноста ако училиштата постапиле согласно незаконитите акти?“

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=8GWhVmGZnCQ

Последни вести