fbpx

Го осудуваме насилството, доаѓаат денови на слободно синдикално организирање

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ најостро го осудува насилството што се случи во зградата на Сојузот на Синдикати на Македонија, при што има и повредени.

Недозволиви се незаконски поништувања одлуки донесени од ССМ, како и внесувања лица во Синдикатот кои не се негови членови со цел провокации и носења нови одлуки под притисок.

Недозволиви се насилни упади во работата на Синдикатот, на претставници на министерства и органи што се случуваат и во последните денови на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е потврда за стравот на власта во заминување од работниците кои избраа промени и одлучно ги бранат своите права.

Извршната власт не смее да се меша во синдикалното здружување!

Тоа е уставно право на работниците, загарантирано и со повеќе меѓународни конвенции, чиишто потписник е Република Македонија и на работниците тоа право мора да им биде и ќе им биде почитувано.

На граѓаните им е потребно силно синдикално здружување и можност независно и без партиски притисоци да носат одлуки за заштита на правата на работниците, а не на власта.

Граѓаните ќе може слободно да се организираат и да ги остваруваат своите права без ничие влијание.

Затоа е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија којашто ќе го обезбеди почитувањето на правата и обврските на граѓаните, загарантирани со Устав и со закон.

Доаѓаат денови на слободно синдикално организирање и достоиствен живот за сите во Република Македонија.

 

Скопје, 06.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести