fbpx

Филипче: Историски најслаб извештај од ЕУ, заложбите за интеграција на ВМРО-ДПМНЕ се само декларативни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Извештајот на Европскиот парламент ја има најлошата оценка за Македонија во последната деценија и тоа по заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во денешната прес конференција.

„Се чини дека Владата на ВМРО ДПМНЕ веќе подолго време има сознанија дека во овој извештај Европската Унија со длабоко разочарување и на многу директен начин ќе го истакне неочекуваното застранување на македонската Влада од усогласувањето на македонската надворешна политика и онаа на ЕУ. Знаејќи ги сите овие сериозни критики од Европската Унија, ВМРО ДПМНЕ реактуализира националистички теми со цел да ги поклопи овие критики од Европската Унија“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ Филипче во своето излагање рече дека судејќи по досегашната надворешна политика на владата се отвора прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ веќе работи на друга алтернатива или останува патот кон евроинтеграциите.

„Овде дома сите ние треба да го поставиме прашањето – дали со ваквите потези кои се прецизно нотирани во извештајот на Европската Унија – европската интеграција останува само декларативна заложба на Владата на ВМРО-ДПМНЕ или можеби веќе се работи на нова алтернатива, нов правец во кој треба да се движиме?“, рече Филипче.

Наместо продолжување на напредокот во ЕУ како што ветуваа, за една година со Христијан Мицковски и владата на ВМРО-ДПМНЕ земјава доби историско назадување и погазување на сите успеси на патот кон евроинтеграциите и најново го доби историски најслабиот извештај од ЕУ.

Последни вести