fbpx

Крај за Груевски, промените се незапирливи!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски да престане да ги малтеретира експерите и медиумите со исполнување на сопствените пусти желби. Откако почнаа да го напуштаат и најблиските соработници и на Груевски му стана јасно дека останува сам и дека час поскро ќе мора да си замине од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски е минато и не може да ги спречи започнатите промени преку нарачани текстови.

Мнозинството граѓани преку глас и пенкало го поразија режимот на Груевски. Претседателот Зоран Заев и СДСМ заедно со граѓаните остварија историска победа од над 600.000 гласови, коишто го потврдија патот на промените. Доаѓа живот.

За целата јавност веќе е јасно, Република Македонија ќе добие нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.Влада која ќе го врати животот во Македонија

Скопје, 28.12.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести