fbpx

Владата манипулира со бројките за извозот – вистината е дека економијата назадува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата повторно се обидува да ги манипулира граѓаните со лажни триумфи за економијата. Последниот обид за самофалба со извозот во мај 2025 година е уште еден пример за нечесно и селективно прикажување на реалноста.

Растот од 23,44% е само изолиран податок од еден месец и не значи дека извозот расте. Вистината е сосема поинаква:
Во последните 12 месеци (јуни 2024 – мај 2025), вкупниот извоз е намален за 1,6% во споредба со претходниот 12-месечен период. Вкупниот извоз за последните 12 месеци изнесува 7,88 милијарди евра, додека претходно беше 8,01 милијарди евра.

Овие факти покажуваат дека нема тренд на раст на извозот, туку напротив – економијата стагнира, а во одредени периоди дури и бележи пад.

Владата манипулира со граѓаните и ги користи месечните варијации за да создаде илузија на успех. Реалноста е дека извозот тапка во место и тоа е резултат на лошите економски политики и недостигот од визија. Ако ги гледаме сите други економски индикатори, како падто на квалитетот на животот за 20%, платите кои стагнираат и цените кои растат, јасно е дека граѓаните не чуствуваат никаква придобивка од економските политики на Владата.

Оваа Влада освен манипулации ништо друго нема покажано, но граѓаните тоа го знаат и чуствуаат. Никој не може да ги излаже за тоа како живеат, колку е намален семејниот буџет и колку секојдневно потешко се врзува крај со крај. Лагите на ДПМНЕ нема да поминат кај граѓаните.

Последни вести