fbpx

Филипче: Пораката на власта е јасна- секој кој ќе пријави владин криминал, ќе се соочи со опасност по личната безбедност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Пораката на власта е јасна- секој кој ќе пријави владин криминал, ќе се соочи со опасност по личната безбедност

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, повика на итна одговорност и поведување постапка против насилниците кои денеска брутално ја нападнаа градоначалничката на Град Скопје и службениците.

“Барам итно да се осудат насилниците и барам итно да се поведе постапка против службениците на МВР кои не постапиле и не ги заштитиле претставниците на Градот.Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот понекогаш зборува погласно од зборовите” , стои во ракцијата на Филипче на неговиот профил на фејсбук.

Тој предупреди дека не се работи само за напад врз градоначалничката и службениците од Градот, туку за тоа дали секој од нас може без страв да се спротистави на криминалот.

“Пораката што власта ја испраќа е дека секој кој ќе се обиде да го обелодени нивниот криминал ќе се соочи со опасност по личната безбедност. Ова е страшно и недозволиво”, посочува Филипче, додавајќи дека за една година безбедносната состојба во државата катастрофално се влоши,

“Безбедноста на граѓаните, правдата, заштитата од институциите практично не постојат. Ова е нешто што треба сериозно сите да нè загрижи”, стои во реакцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Последни вести