Соопштение за јавност
Децениското уништување на економијата и општеството од страна на Груевски и фамилијата, ја направија Македонија една од најмизерните земји во светот.
Според податоците на познатиот Като институт Македонија во 2015 година беше 5-та земја по мизерија во Европа! На светско ниво Македонија се најде на високото 13 место помеѓу најбедните земји во светот како што се Венецуела, Уругвај, Молдавија, Украина..
Алчното и криминално трошење на буџетските средства, зголемената корупција и високите казни од Македонија направија земја невозможна за живеење. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели десет години го кршеа секое човеково достоинство, оставајќи илјадници семесјтва без редовни приходи и на работ на преживување.
Малтретирањето и понижувањето на сопствените граѓани мора да запре и ќе запре. Македонија ќе стане социјална држава која ќе се грижи за споствените граѓани. На 11 декември граѓаните ќе му го испорачаат најтешкиот пораз на Груевски и ќе одберат живот во Македонија.
Граѓаните ќе го одберат Планот за живот во Македонија кој ќе гарантира извелкување од сиромаштија, План кој ќе го врати човечкото достоинство. Преку една од мерките во Планот за живот во Македонија се обврзуваме дека секое семејство кое нема никакви приходи ќе добива парична државна помош во висина од 12 000 денари за четиричлено семесјтво. Доколку семејството сепак има некакви примања а тие се под 12 000 денари, државата ќе ја надполни разликата. На пример, ако едно семејство има приходи од 4000 денари, тоа семејство ќе добие 8000 денари државна помош, ако семејствто има 7000 денари приходи, тоа ќе добие државна помош од 5000 денари секој месец.
Преку ваквата мерка на социјално загрозените семејства ќе им овозможиме минимум пристоен живот, да не живеат повеќе на работ од сиромаштијата.
Планот за Македонија гарантира дека Македонија ќе стане социјална држава, еднаква за сите граѓани, држава во која ќе има правда за сите и институции кои ќе работат во служба на сите граѓани.
На 11 декември ставаме крај понижувањето на граѓаните. Ќе се бориме посветено против сиромаштијата и последиците од неа, за никогаш повеќе Македонија да не се најде на срамната петта позиција во Европа по мизерност. На 11 декември граѓаните ќе одберат живот наместо преживување.
Скопје , 01.12.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА