fbpx

Д-р Трајановски: Потребен е хуман пристап и заедничко делување за подобра општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Д-р Трајановски: Потребен е хуман пристап и заедничко делување за подобра општина

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром и член на Извршниот одбор на СДСМ, д-р Александар Трајановски, вчера оствари средба со жителите на населбата Стар Аеродром, при што во отворен разговор се дискутираа клучните предизвици и идеи за подобрување на квалитетот на живот во овој дел на Скопје.

Граѓаните посочија повеќе теми кои го засегаат нивното секојдневие, од хигиената на јавните површини, зеленилото и урбаното уредување, до прашањата поврзани со детските градинки, училиштата и паркирањето. Разговорите се одвиваа во конструктивна атмосфера, а соговорниците покажаа подготвеност да се вклучат во идните решенија.

Посебно внимание беше посветено на јавниот повик на Општина Аеродром до пензионерите за ангажман во јавната чистота. Д-р Трајановски, како медицинско лице, потенцираше дека во услови на високи летни температури е исклучително важно да се води сметка за здравјето на постарата популација.

„Верувам дека постојат поодржливи начини за ангажман на пензионерите кои сакаат да придонесат во општеството, без да се ризикува нивното здравје. Наместо тоа, потребно е да се мотивираат младите и сезонските работници преку подобри услови и повисоки примања“ истакна Трајановски.

На средбата се обрати и Милутин Ристески, претседател на Општинската организација на СДСМ Аеродром, кој се осврна на нереализираните ветувања на актуелната локална власт, како што се неизградиените 4 нови градинки во Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче, неизградените 3.000 нови паркинг места, 100.000 метри квадратни ново зеленило и слично.

СДСМ останува отворена за соработка со граѓаните во креирањето на програма која ќе одговара на специфичните предизвици на Општина Аеродром. Заедно, со граѓаните, градиме политики што носат подобар и похуман живот за сите.

Последни вести