Соопштение за јавност
Македонија стана земја во која опстанокот на малите и средни претпријатија е сериозно загрозен.
10.000 затворени домашни фирми се резултатот на Никола Груевски во економијта. Секоја трета фирма е со блокирана сметка! Малите и средни претпријатија со години беа потценувани со државна помош од само 2 евра годишно, по фирма.
10.000 семејства кои егизистираа од тие фирми, и сопственици, и вработени останаа на улица без работа и основна егзисетнција.
Граѓаните имаат избор на 11 декември да изберат помеѓуекономско уништување на домашните фирми или економско јакнење на домашните фирми.
Испланиравме 140 милиони евра директна поддршка за домашните фирми, да се развиваат и да отвораат нови работни места.
Државната помош за малите и средни претпријатија за 100 пати ќе ја зголемиме.
Финансиски ќе ги поддржиме фирмите да отвораат нови работни места и да исплаќаат просечна бруто плата.
Ќе ја зголемиме просечната плата на 30.000 денари до крајот на мандатот.
За силни домашни претпријатија, за нови работни места и повисоки плати на 11 декември граѓаните имаат избор – 4 за живот!