fbpx

СДСМ: Градоначалникот Стефковски се заканува со тужби наместо да одговори за планираната обврзница

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: Градоначалникот Стефковски се заканува со тужби наместо да одговори за планираната обврзница

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, наместо да им одговори на граѓаните зошто побарал одлука за задолжување на општината преку обврзница, избра да се заканува со тужби за клевета.

Потсетуваме дека на 21-та седница на Советот на општина Гази Баба, одржана на 30 јануари 2023 година, градоначалникот Стефковски побарал, а мнозинството на советници од ВМРО ДПМНЕ дале поддршка и ја изгласале одлуката за издавање обврзница.

Граѓаните заслужуваат одговори, не закани и уцени.

Но, наместо да понуди одговор и отчетност пред граѓаните, зошто побарал таква одлука, гледаме организиран напад, навреди и говор на омраза од страна на блиски соработници и поддржувачи на Стефковски кон жена, членка на СДСМ.Ваквото однесување претставува обид за дефокус и прикривање на вистинските прашања и обврските кои ги има локалната власт.

Граѓаните на Гази Баба заслужуваат транспарентна и локална власт која одговорно менаџира со општината и работи во интерес на граѓаните.

Последни вести