fbpx

Груевски со ништо не може да ги испере црниите образи и валканите раце!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Oчај е Никола Груевски.

Го упропасти животот на над 500.000 граѓани кои сега живеат под прагот на сиромаштија. Исели 626.312 илјади граѓани. Сите негови најблиски соработници се осомничени за криминал или зло дела врз граѓаните. Самиот Груевски е обвинет за поттикнување насилство.

И сега овој човек е во очајни обиди да го одвлече вниманието од тоа што е веќе одамна видливо за сите, освен за него.

Валкан му е образот на Никола Груевски и извалкани му се и рацете!

Tоа ниту се брише, ниту се покрива. Ниедна измислица не поминува повеќе кај граѓаните, ниту лагите на Груевски на меѓунационални теми, ниту лажниот патриотизам.
Поминува само времето на Никола Груевски. Уште 31 ден до живот за сите во Македонија!

 

Скопје, 10.11.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести