fbpx

Владата повторно покажа дека не се грижи за оризопроизводителите и нивните проблеми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводенa од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не се грижи за земјоделците и нивните проблеми.

Владата наместо да го поттикне и стимулира откупот и извозот на земјоделски производи, таа дополнително го стопира.

Деновиве сме сведоци како луѓето кои раководат со институциите дополнително ја влошуваат состојбата со откупот и пласманот на ориз и прават хаос во оваа област.

Инспекциските служби на откупувачите во кочанско масовно им изрекуваат мерки забрана за откуп на ориз и понатаму со одредени постапки го стопираат неговиот пласман надвор од границите на РМ.

Службите земаат мостри под изговор за утврдување остатоци од пестициди и со тоа дополнително ја комплицират постапката за издавање на фитосанитерен сертификат, а некаде и намерно се стопира издавањето на резултатите од надлежните институции кои ја зеле мострата, а се со цел влијание и дисциплинирање на политичките опоненти на владата.

Оваа се случува во време кога ланската реколта сеуште не е откупена и стои во амбарите и складовите на производителите, а жетвата на овогодишната реколта е во голем замав.

Ова е на директна штета на оризопроизводителите, бидејќи немат пари да си ја платат годинашната жетва и немат каде да ја сместат новата реколта на ориз.

Бараме веднаш, за да се излезе во пресрет на оризопроизводителите, Владата да донесе мерка за интервентен откуп и мерка за олеснување на извозот на ориз.

Политиканството и заштита на интересите на мал број луѓе се недозволиви.

Јас и мојот тим нема да дозволиме злоупотреби да се прават врз грбот на оризопроизводителите и тие да ги трпат штетите од лошите политики и одлуки на оваа власт.

 

Кабинет на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,
10.11.2016 година

Последни вести