Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
„Ви го честитам изборот за претседател на САД, долгогодишниот, голем, стратешки пријател на Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име.
Граѓаните на САД донесоа одлука на демократски избори, преку слободно изразена волја, што е одлика на една демократска држава, какви што се Соединетите Американски Држави.
Демократијата, слободата, почитувањето на човековите права од секој аспект се меѓу темелните вредности за коишто се заложува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и уверен сум дека врз база на овие вредности, како и досега, ќе продолжиме да ги развиваме востановените добри односи.
Иднината на Р. Македонија е во НАТО и искрено се надевам дека САД и понатаму ќе биде силен поддржувач на Македонија кон оваа стратешка цел на нашата држава“.