Соопштение за јавност
Обвинетиот и очаен Никола Груевски продолжува безуспешно да се обидува да ги копира идеите и историските потези на СДСМ.
Откако делегатите на Конгресот на СДСМ направија историска одлука и ги изгласаа победничките кандидатски листи за пратеници на СДСМ во сојуз со коалициските партнери и граѓаните, Груевски денеска набрзина собрал четири здруженија за да покаже дека и тој може да направи граѓански сојуз.
Но, тој не може да направи коалиција со граѓаните бидејќи тој е далеку од граѓаните, со милионски провизии, во Мерцедес од 600 илјади евра, купен со пари на граѓаните.
Единствено што направи обвинетиот Груевски денеска, е што потпиша соработка со своите бизнис соработници. Груевски потпиша меморандум со Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија АВАЗ Скопје, чиј управител е Сеад Кочан, односно како што вели Груевски во „бомбите“, оној што има кола Сеат Ибица, кога мести тендери.
Еден од сопствениците на здружението, покрај него е и неговиот брат Сеид Кочан. Тоа се истите браќа Кочан коишто без тендер преку Трансмет ја добија работата за санација на обиколницата погодена од поплавите од 2,6 милиони евра. Трансмет од 2012 година до денес, има добиено над 63,4 милиони евра работа од страна на државата. Сеад Кочан ја отвори и Телевизија НОВА, наменски за да ја фали власта пред избори.
Фамозното Здружение за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин доби возило „Ауди А4“ и деловен простор во центарот на Скопје како донација од државата. Дополнително, доби и повеќе грантови од Владата за невладини организации, а преку него беа поставени и седум споменици во центарот на Скопје на кое се јавуваше како донатор, без да одговори колку чинат и кои се авторите.
Дури и обидите за копирање му пропаѓаат на Груевски бидејќи тој нема допирна точка со граѓаните. Токму граѓаните и листите на СДСМ ќе го поразат на 11 декември и ќе го испратат во историјата.
Скопје, 08.11.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА