fbpx

Да се почитуваат правата на новинарите и слободата на говор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува сериозна загриженост по информациите за отпуштања на новинари и медиумски работници или целосно згаснување на Утрински весник.

Власта на обвинетиот Груевски ги злоупотребува медиумите за свои цели и своја пропаганда, а потоа ги уништува и затвора.

Посебно алармантно е што ова се случува на само еден месец пред предвремените парламентарни избори кога улогата на објективните и професионални медиуми е најпотребна за вистинско информирање на граѓаните и носење одлука. Правото на слобода на говор и слободно новинарство е од особено значење за функционална демократија.

Бараме да се почитуваат правата на новинарите и медиумски работници и да се обезбедат услови за нивна непречена работа.

Обвинетиот Груевски системски уништувајќи ги медиумските слободи и медиумите во земјава ја стави Македонија во групата на неслободни земји според Фридом Хаус, и на 118-то од вкупно 180 места на листата на Репортери без граници, во друштво на Замбија, Нигерија, Конго, Катар и Авганистан.

Скопје, 08.11.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести