Соопштение за јавност
Кадрите поставени од власта на ВМРО-ДПМНЕ ја кочеа постапката за поставување на филтри на Југохром. Поради криминалните политики на власта, Комбинатот двaесет месеци чекаше одобрение за градба.
Со ваквата неажурност на институциите водени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ се направи двојна штета. Не се реши проблемот со загадувањето, а без работа останаа 720 работници.
Неоспорен е фактот дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Тетово стана еден од најзагадените градови во Европа, а слична е состојбата и со Скопје. Неспособноста и неодговорноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ со себе носат само штета, загадување, сиромаштија и болести како заштитен знак на десетгодишното коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.