Соопштение за јавност
АХВ и директорот Поповски на прашањата што се од витален интерес и кои директно ги засегаат граѓаните молчат и се кријат зад небулозните реакции.
Врз основа на што АХВ тврди дека пијалокот е безбеден , кога во случајот со труењето со енергетсиот пијалок не прикажа резултати од лабораториски испитувања со кој ќе го докаже тоа пред јавноста ?
Зошто АХВ како надлежна институција за безбедност на храната, во која спаѓаат и пијалоците, нема донесено правен акт, кој треба да ја регулира оваа област и да обезбеди правна рамка?
Безбедноста на храната и пијалоците се законска обврска на АХВ, а не на пазарната инспекција.
Ние веќе алармиравме, дека во Македонија се продаваат пијалоци што не се дефиниран во ниеден правилник.
Дури и стручното мислење на Институтот за јавно здравје, алармира за пијалок што претставува закана за јавното здравје. Институт кој е член Националниот совет за безбедност на храната, кој пак е управуван од директорот на АХВ, Зоран Поповски.
Наместо да даде одговори на прашањата кои граѓаните треба да ги знаат, АХВ и директорот Поповски се служат со инсинуации, лаги и навреди.
Во недостиг на стручни факти и аргументи, тие се служат со манипулации и за тоа избегнуваат веќе цели единаесет години секакви дебати. Јавноста знае дека бегаат од соочување со фактите.
Оставки и одговорност мора да има. Веднаш!