Делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Илиевски оддаде почит во Смилево по повод Денот на Републиката
По повод големиот празник 2ри август – Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Методија Илиевски, организациониот секретар на СДСМ-Љупчо Фармаковски и претседателот на ОО на СДСМ од Кичево-Оливер Несторовски присуствуваа на чествувањето на празникот во селото Смилево, положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред спомен обележјето – могилата на Даме Груев, споменикот на смилевските Илинденци, на спомен-плоча на партизанскиот одред “Даме Груев” и споменикот на Даме Груев во спомен паркот.
Слава им на хероите, илинденците, партизаните, револуционерите! Нека е за многу години Илинден!