fbpx

Насилната власт и обвинетиот Груевски се исплашени од администрацијата што сакаа да ја сотрат!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вработените во администрацијата нека бидат спокојни бидејки времето на закани, притисоци, бркања од работа завршува за 39 дена! Отпуштања во администрацијата нема да има! Доаѓа добар живот за сите граѓани независно од какви било различности.

Разбирливо неспокојни се обвинетиот Груевски и неговите соработници, кои со конструкции никако не можат да ја симнат од себе вината за злоделата што 10 години ги правеле врз граѓаните и за кои ќе бидат казнети на 11 декември од самите граѓани.

Знаат добро граѓаните и вработените во државните и јавните институции како министрите на Груевски нарачувале да им биде загорчен животот и да бидат преместени на работни позиции стотици километри оддалечени од нивните домови. Слушнаа луѓето лично од соработниците на фамилијата како вработените во администрацијата морале да гласаат со „триаголничиња“, за да не “летаат од работа“. Како требало да се “сотрат“ сите кои одбивале да извршуваат наредби за незаконски и криминални активности. Граѓаните слушнаа и за “влечењето за уши“,за желби на најблиските соработници на Груевски семејство да “заврши во ендек“, за плановите за одмазда дури и на семејството на Тоше Проески.

На 11 декември заминува насилната, неодговорна, лицемерна власт заедно со носителот Никола Груевски. Новата одговорна Влада што ќе ја добие честа да ја предводи СДСМ, заедно со граѓаните, со вработените во администрацијата, со младите, ќе го врати животот во Македонија! Тоа повеќе никој не може да го спречи.

 

Скопје 02.11.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести