Соопштение за јавност
Никола Тодоров денеска ги излажа граѓаните, исто како вчера неговиот шеф Никола Груевски.
Во Буџетот на Р.Македонија за 2017 година не постојат најавените 33 милиони евра за наводни инвестиции во здравството.
Еве го делот од Буџетот што се однесува на здравството (документите се во прилог на ова соопштение).
Во него се предвидени само 4.5 милиони евра за здравството, за во целата држава и тоа за следните три години!
Тоа би значело по 1.5 милион евра годишно, а Тодоров ветува 1 милион само за Клиниката за инфективни болести?!
Или е во прашање некој нов тендер од еден милион евра, со некој нов Висарис и некоја нова Ивона?
Од тендер политиките на Никола Тодоров и Никола Груевски, луѓе умираат 10 години по ходниците на болниците.
Доцна е што било да најавуваат Тодоров и Груевски.
На 11 декември доаѓа нова влада на којашто еден од врвните приоритети ќе и биде здравјето на граѓаните.
Скопје 01.11.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА