Соопштение за јавност
Власта на Никола Груевски 9 месеци по ред во оваа 2016 година ги задолжува граѓаните по 2 МИЛИОНА ЕВРА НА ДЕН!
Само во последните 9 месеци јавниот долг е вртоглаво зголемен над пола милијарда евра или 532 милиони евра!
Вкупниот јавен долг, вчера достигна историски 4 милијарди и 760 милиони евра.
Никола Груевски лично 10 години беше премиер, а од партискиот замок тежок до 30 милиони евра продолжува да ги задолжува граѓаните преку неговиот извршител Кирил Миноски во Министерството за финансии.
И Миноски уште се обидува да го правда Груевски?
И Миноски и сите кои учествувале во неконтролираните задолжувања на граѓаните ќе бидат преиспитани и за злоупотребите на пари на граѓаните ќе има одговорност!
Скопје, 01.11.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА