fbpx

СДСМ: Димитриеска-Кочоска го претвори Министерството за финансии во штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: Димитриеска-Кочоска го претвори Министерството за финансии во штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денес јавно демонстрираше што значи класична партиска злоупотреба на државна функција. Во работно време, во кабинетот на Министерството, примила и промовирала кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, како да се наоѓа во партиски штаб, а не во државна институција. За ова уште се пофалила на Фејсбук како да е дел од нејзините работни обврски.

Наместо да се справува со инфлацијата, дефицитот и економскиот хаос кој го создава нејзината Влада, Димитриеска-Кочоска води кампања за ВМРО-ДПМНЕ, од државна функција, со државна плата и во државни простории.

Мешањето на партијата и институциите беше и останува заштитен знак на Владата на Мицкоски.

Министерството за финансии, кое треба да биде симбол на одговорност и неутралност, станува алатка за партиски цели и кампањи.

Кочоска да кажае дали секој кандидат ќе биде примен кај министерката, или оваа гостопримливост важи само за членовите на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто граѓаните да ја плаќаат неа и вработените за да тера партиски агенди?

Кочоска е меѓу најслабите министри, нема капацитет да го води ниту својот ресор, а наоѓа време да се занимава со партиски промоции и фотосесии во кабинетот.

Оваа злоупотреба мора да запре. Граѓаните заслужуваат министри кои работат за нив, а не за партијата.

СДСМ остро ја осудува оваа постапка, очекува реакција од надлежните институции и уште еднаш предупредува: ВМРО-ДПМНЕ ја партизира секоја институција до која ќе дојде, по секоја цена и без срам.

Последни вести