fbpx

Наумов се сретна со извршниот директор на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов денес оствари средба со извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева.

На средбата стана збор за проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се однесуваат пред се во рамките на надлежностите на институции кои се поврзани со надлежностите на Министерството за финансии како што се Управата за јавни приходи и Царинската управа.

Беше истакната неопходноста за навремено исплаќање на обврските од страна на државата кон приватниот сектор по основ на извршени работи и услуги, како и поврат на средства по основ на даноци, како предуслов за обезбедување на потребната ликвидност во стопанството.

Заедничка беше определбата дека компаниите не смеат да трпат негативни последици од политичката нестабилност во државата.

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов се стави на целосно располагање на македонските компании во случај да се соочат со политички притисоци за време на предизборниот период.

Заеднички заклучок е дека домашните компании треба да бидат основата за раст на македонската економија и во тој контекст е потребна поголема поддршка за нивниот развој во иднина.

Последни вести