fbpx

СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно во служба на сеење страв – се легитимираат новинари!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно во служба на сеење страв – се легитимираат новинари!

СДСМ ги осудува постапките на полицијата на Тошковски во Демир Хисар, каде полициски службеници легитимираа новинари на јавен простор, со видливо истакнати новинарски легитимации.

Недозволиво е полицајци на јавен простор да ги третираат новинарите како „непознати лица“ кога на себе имаат легитимации.

Знаеме дека Тошковски е уплашен од вистината, од силните реакции на јавноста за сите скандали што ги прави, но не може да ја претвори полицијата во инструмент за сеење страв и замолчување.

Нека ги остави Тошковски новинарите да работат и да известуваат за прашања од јавен интерес. Наместо да ги попречува, полицијата е должна да ги штити нив и новото право за работа без било каков притисок.

Секое друго однесување е директен удар врз слободата на медиумите.

Последни вести