fbpx

Поповски и АХВ со небулозни реакции се обидуваат да го оправдаат лошото работење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Агенцијата за храна и ветеринарство не може да побегне од фактот дека дозволила пијалок штетен по здравјето на граѓаните, а посебно на младите да се најде на пазарот.

Во стручното мислење, изречно е наведено дека пијалокот ЛАМАР не е во согласност со позитивните законски прописи и претставува закана за јавното здравје, бидејќи не е безбеден по состав и содржи алкохол со висока количина на кофеин и недакларирани адитиви.

Правилникот за информациите поврзани со храната никогаш немал одложена примена, туку само е одложена примената на одредени одредби од него. Тоа јасно покажува колкаво е непознавањето и нестручноста на АХВ.

АХВ трет ден одбива да одговори, зошто не е почитувано и не е реагирано во однос на стручното лабораториско мислење и анализа, ако се знае дека примерокот е земен од нивен инспектор од граничен премин Блаце и истиот од Агенцијата е доставен до Институтот за јавно здравје?

Директорот Поповски и АХВ биле должни да превземат законски мерки.

Секогаш кога се фатени во манипулирање на јавноста, се обидуваат со небулозни реакции да го оправдаат лошото работење.

Дополнителен заменик министер
за земјоделство, шумарство и водостопанство
Љупчо Николовски

 

 

Последни вести