Соопштение за јавност
Обвинетиот Никола Груевски упорно лаже за нов Клинички центар во Скопје.
Еве линк до веста и тоа објавена на партискиот сајт на ВМРО-ДПМНЕ во јануари 2014 година, кога Груевски најави ПОЧЕТОК НА ИЗГРАДБА на Клиничкиот центар во Скопје, кога вети дека ќе биде изграден за три години (http://vmro-dpmne.org.mk/?p=20128)
2016 година истекува, а од Клиничкиот центар во Скопје се уште постојат само лагите во 3-д анимации на Никола Груевски.
Груевски денеска ја повтори неговата лага преку Фејсбук.
За овој неодговорен човек, доскорешен премиер, оваа лага е добра вест за граѓаните на Скопје и на Македонија. Тоа што граѓаните немаат нов Клинички центар и што две ипол години се мачат да поминуваат низ дупки каде што застана изградбата уште не почната.
Граѓаните се грижат за своето здравје и затоа на 11 декември ќе ги казнат Никола Груевски и неговите соработници за тендер политиките во здравството.
Скопје, 20.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА