fbpx

Костова: Градоначалниците на ДПМНЕ ги тресат големи скандали со тендери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Костова: Градоначалниците на ДПМНЕ ги тресат големи скандали со тендери

-Освен тоа што не ги остварија ветувањата, се надоврзуваат сите скандали коишто ги има, а се поврзани со градоначалниците од редовите на ДПМНЕ. Што скандали поврзани со испумпување на граѓанските пари и општинските буџети, преку веќе добро воспоставени тендерски мрежи. Но исто така и скандали на пример со кражба на нафта од училиштата, нафта којашто се користи за греење на нашите деца, изградба на дивоградби од страна на секретари и втори лица во општината, големи скандали и толерирање беззаконие, нагласи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Таа потсети дека во циклус од четири години има доспеани а неисплатени обврски на ниво од 700 милиони евра заклучно со 2024 година, а 80% од истите доаѓаат од единиците на локалната самоуправа: „Тоа се конкретни имиња и презимиња на градоначалници и конкретни општини,“ рече Костова.

„Важно е да се нотираат и случувањата во локалната самоуправа каде што најголемо мнозинство на водство е од страна на ДПМНЕ во изминатите речиси четири години и токму во тие општини има сериозен пад на квалитетот на комуналните услуги, а во истовреме и раст на цените за тие услуги што е нелогично,“ истакна Костова, додавајќи дека уште пред кампањата да почне, ветувањата на ДПМНЕ градоначалниците за 2025 се исти како оние од 2021 година – што значи дека четири години ништо не е сработено.

СДСМ размислува подалекусежно од она што го гледаме од ДПМНЕ, нашите решенија што ќе ги понудиме ќе бидат за решавање локалните проблеми на граѓаните и ги придвижување на општините во правилна насока кон поголем раст и развој.

Последни вести