fbpx

СДСМ до ДПМНЕ: Бадијата лажете, Извештајот на ОЛАФ ги потврдува вашите злоупотреби со Еразмус +

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бадијала се сите лаги пласирани од партиската говорница во Белата палата кога милионските злоупотреби во Еразмус+ водат право до ВМРО-ДПМНЕ.

Злоупотребите во период на ВМРО-ДПМНЕ од 2016 година се потврдени со извештајот на ОЛАФ, кој содржи основано сомнение за злоупотреба на над 2 милиони евра европски пари, со повеќе од 50 физички и правни лица инволвирани во Македонија и уште пет земји-членки на ЕУ.

Дополнително, отворени се и сомнежите за тоа како биле распределени над 8 милиони евра во периодот 2014–2017 година, токму кога Ана Михајлов и нејзината кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле евалуаторки во Агенцијата.

Со очајни напади врз СДСМ, власта не може да ја прикрие вистината.

Дури и градоначалникот на Кaвадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев јавно ја демантираше сопствената партија.

Јасно како ден е дека ВМРО-ДПМНЕ ги штити милионските криминални шеми во Еразмус+.

Последни вести