Соопштение за јавност
Oбвинетиот Никола Груевски е фатен во лага за градинките.
Во Буџетот за 2017 година што сакаат да го донесат, како што може да се види од документот во прилог, не се предвидени 25 милиони евра за 140 градинки како што лажеше Никола Груевски.
Во ставката за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита како што може да се види, стои сума од само 1 милион и 290 илјади евра за три години.
Обвинетиот Груевски за криминалниот проект Скопје 2014 фрли 667 милиони евра што изеде 4.446 градинки.
Скопје, 13.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА