fbpx

Средба Заев – Свобода во Виена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска е во посета на Австрија.

Попландево претседателот Заев и заменик претседателката Шекеринска се сретнаа со Ханес Свобода, претседател на Меѓународниот институт за мир во Виена, член на одборот на Форумот за меѓународен дијалог Бруно Крајски и поранешен координатор на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент.

Изразена е заедничка согласност дека мора да организираат и спроведат регуларни предвремени парламентарни избори на 11 декември, за потребата од функционирање на правото и правната држава, како и за итна потреба од враќање на земјата на демократскиот пат преку избор на легитимна Влада.

Претседателот Заев ги соопшти заложбите на СДСМ за кредибилни избори, како и Планот на СДСМ за добар живот во Македонија и отворање на блокираните перспективи на земјата.

-Имаме готови планови, што ќе направиме во првите шест месеци и во следните две години. Ќе го подигнеме стандардот на граѓаните и ќе овозможиме развој на домашните претпријатија и истовремено ќе го демократизираме општеството. Се обврзуваме на целосно спроведување на итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе, соопшти претседателот Заев.

Вечерва во 19.00 часот, во истакнатиот европски институт, Форумот за меѓународен дијалог Бруно Крајски претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе одржи предавање на тема “Македонија на крстосница“, заедно со поранешниот координатор на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент Свобода, како и со Франц Враницки, поранешен канцелар на Австрија и почесен претседател на Форумот Бруно Крајски.

 

 

 

Последни вести