fbpx

Aпел до граѓаните од поплавените подрачја со социјален ризик да побараат помош од МЦСР – Скопје и МТСП

Facebook
Twitter
LinkedIn

Министерката Ташевска-Ременски со апел до граѓаните од поплавените подрачја коишто се во социјален ризик и не побарале помош од подрачната единица на МЦСР – Скопје и МТСП да го направат тоа веднаш

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ги посети населените места во Синѓелиќ и Економија коишто беа зафатени од поплавите при што разговараше со лица коишто се во социјален ризик, а при тоа не се корисници на ниту едно право од социјалната заштита. При тоа апелираше до сите граѓани од поплавените подрачја коишто се во социјален ризик, а не се обратиле или не побарале помош од надлежните институции тоа да го направат веднаш. Исто така ги посети и раселените лица од поплавените подрачја сместени во Државниот студентски дом ,,Томе Стефановски-Сениќ”.

Имено, околу 190 лица од поплавените подрачја се сместени во овој дом и во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ и на овие лица престојот во нив ќе им биде продолжен за уште 60 дена.

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски за ова решение го информираше директорот на домот, како и лицата сместени во него. При тоа беа договрени и идните заеднички чекори.

,,Стручни лица од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Гази Баба и лица од Министерството за труд и социјална политика ќе се сместат во канцеларија во домот „Сениќ“ при што ќе направат скенирање на состојбата за потребите на сместените лица, а дополнителни тимови ќе направат и проверка на терен дали сите лица коишто се сместени имаат услови да се вратат во своите домови. Тимовите треба да проверат дали има граѓани кои се уште имаат потреба од социјална заштита и од сместување во некој од домовите”, рече Ташевска-Ременски.

Tаа потенцираше дека раселените лица во домовите во „Сениќ“ и „Партенија Зографски“ имаат огромни потреби кои не се врзани со сместувањето, за кои тимовите од Министерството и Меѓуопштинскиот центар ќе преземат активности за да им помогнат во проблемите со кои се соочуваат како што е потреба од здравствена, социјална и детска заштита.

,,Оние граѓани за кои тимовите ќе утврдат дека се во социјален ризик ќе можат да се сместат во институциите со кои Министерството има договор, а во домовите дополнително можат да се сместат уште 100 лица”, подвлече Ташевска-Ременски и додаде дека иако е направен ребаланс на Буџетот за 2016 година од неразбирливи причини во буџетот на Министерството за труд и социјална политика не се предвидени средства наменети за потребите на министерството за лицата кои беа погодени од поплавите на 6 август оваа година. 

Одделение за односи со јавност

 

Последни вести