Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ преку своите мегафони, продолжува да ја извртува вистината и аргументите кои покажуваат дека токму тие по секоја цена се обидуваат да избегаат од избори. Целокупното делување на ВМРО-ДПМНЕ е во насока за минирање на веќе утврдениот датум за парламентарни избори.
Доказ за тоа се и последните постапки на пратениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците и послушниците на обвинетиот Никола Груевски ги интензивираа опструкциите кон Специјалното јавно онвинителство со цел да пропадне Договорот од Пржино. Пратениците и послушниците на обвинетиот Груевски решија да носат буџет за наредната година со цел да испровоцираат нов црн понеделник. ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер ДУИ се уште не го решаваат отвореното прашање за прекројување на изборните единици.
СДСМ останува цврсто на ставот дека мора да има избори на 11 декември. Токму поради тоа раководството на СДСМ е постојано меѓу граѓаните и посветено работи на промоција на Планот за Македонија. На два месеца до избори, ВМРО-ДПМНЕ се уште ги нема отворено ниту своите штабови. За разлика од нив, СДСМ веќе одржа изборен конгрес.
Помина времето кога обвинетиот Груевски и неговите послушници преку манипулации и извртени факти ја лажеа македонската јавност. Груевски и неговите послушници мора да се помират со фактот дека доаѓа крајот на нивното владеење и дека колку и да се обидуваат нема да избегаат од соочувањето со народот кое ќе се случи на 11 декември.
Скопје, 07.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА